Независните кандидати од М.Каменица ги собраа потребните потписи за учество на локалните избори

Независните кандидати за иден градоначалник на Општина Македонска Каменица ги собраа потребните потписи со што како што информираа од канцеларијата на Државната изборна комисија во Делчево создадени се услови за нивно рамноправно учество на претстојните локални избори кои ќе се одржат во месец октомври. 

Од канцеларијата на ДИК информираа дека за разлика од М.Каменица во Делчево досега не е поднесено барање за собирање потписи од страна на независни кандидати.

-За општина Македонска Каменица можеме да потврдиме дека од вкупно тројцата независни кандидати за градоначалници, кандидатите Перо Митревски и Миран  Митревски ги собраа потребниот број потписи со што ги исполнија условите нивната кандидатура за градоначалник на Општина М.Каменица со сопствена советничка листа да биде прифатена, истакнаа од канцеларијата на ДИК.

Оттаму додадоа дека за М.Каменица се уште трае постапката за уште еден кандидат кој собира потписи за учество во изборната трка.

Независниот кандидат Перо Митревски е еден од кандидатите кој досега бил на градоначалничката функција во времето кога премиер на државата беше Љубчо Георгиевски, додека за претседателот на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ Миран Митревски ова е прва кандидатура за функцијата татко на градот.

Од партиските кандидати кои ќе ја бараат довербата од граѓаните на М.Каменица, досега е познато името на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, додека генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски при вчерашната посета на М.Каменица најави дека до крајот на месецот ќе се знае и нивниот кандидатат за градоначалник за локалните избори 2021.

Инаку денес на прес конференција кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Димчо Атанасовски презентираше дел од клучните проекти од програмата со која како што истакна тој како градоначалник и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе направат Македонска Каменица да биде најпросперитетната општина на Истокот.

Еве ја неговата прес-конференција:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*