Прва работилница во рамки на „Делчево Фест 2021“

Во рамките на проектот „Делчево Фест 2021“ и јубилејното 45 издание на фестивалот со придружната манифестација Пијанечко-Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот во Делчево се одржа викенд работилница за изучување на народни песни и ора и обичаи од регионот Пијанец-Малеш

-Успеавме да доловиме неколку песни од регионот кои ќе бидат изведени в петок на 3 септември во 19:30 на летната сцена, делчевско ситно сценски адаптирано за на сцена. Исто така изведени беа и Малешевско изворно оро и Готенско. Учествуваа 30 млади од училишната, работничката и студентската младина, истакна Зенил Реџепов, кореограф при КУД „Гоце Делчев“ Делчево.

Во рамки на Делчево Фест 2021 како што додаде ќе следува уште една работилница со учество на брачниот пар на Пијанечко-малешевската свадба.

-Преостанува уште една обука со фолк групата Ѓердан и КУД „Гоце Делчев кои на следната обука заедно со младоженците Марина Коколанска и Игорчо Петровски треба да го изведат обичајот редење и китење на невестата, додаде Реџепов.

Во продолжение ви доловуваме сегменти од првата обука како дел од „Делчево Фест 2021“ и јубилејното 45 издание на фестивалот со придружната манифестација Пијанечко-Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*