Се е подготвено за настава со физичко присуство во училиштата во Делчево

Во Делчево одржан работен состанок со директорите на трите делчевски училишта во пресрет на почетокот на новата учебна 2021/22 година,. Од кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски информираа дека главна тема на средбата биле подготовките на училиштата за безбеден прием на ученици и нормален тек на настава.

-Првите луѓе на делчевските училишта потврдија дека училиштата се подготвени за старт на новата учебна година со физичко присуство за што максимално се става акцент на актуелните протоколи за заштита од ковид 19 и на учениците и на наставниците, истакнаа од Општината.

Вкупно запишани ученици за учебната 2021/22 година во делчевскиот средношколски училишен центар се 418 ученици од кои годинава во прва година се запишани вкупно 113 ученици и тоа 76 ученици во гимназиско образование во 4 паралелки, 16 ученици во текстилно- кожарска струка во 1 паралека и 21 ученик во хемиско- технолошка струка во една дуална паралелка. За учениците од прва година во текстилно- кожарската струка досега се обезбедени стипендии од неколку фирми: АД „Фротирка-компани“, „ММЦ- прогрес“ и „Лукатекс“, додека учениците од  хемиско- технолошка струка кои ги исполнуваат условите од Конкурсот за дуалното образование ќе добиваат стипендии од МОН.

Во прво одделение во двете делчевски основни училишта утре тргнуваат 113  првачиња. Во  ООУ „Ванчо Прке“ има 54 првачиња, од кои 13 во подрачните училишта. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ во учебната 2021/2022 се запишани 59 првачиња. Од нив 28 првачиња во централното училиште, а 14 во подрачните училишта.

Во оваа учебна година втора година по ред, Општина Делчево доделува по 3000 денари за родителите кои ќе ги запишат своите деца во прво одделение во делчевските училишта, како мерка која е во насока за подршка на родителите за да го подготват своето прваче за училиште и поттик, учениците да се запишуваат во делчевските училишта. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*