„Тернипе МК“додели таблети за ученици од социјален ризик во Делчево

Невладината „Тернипе МК“ продолжува со реализацијата на проектот „Поддршка во време на Ковид-19“. Во пресрет на новата учебна година, денес оваа организација како што информираше координаторот Зенил Реџепов, додели таблети и социјални пакети кои ќе бидат наменети за лицата од социјален ризик во три делчевски училишта.

-По поднесен проект до Општина Делчево, „Тернипе МК“ обезбеди уште 15 таблети за двете делчевски деветолетки и гимназијата во Делчево. Во рамки на проектот исто така имаме доделено и 15 социјални пакети за лица од социјален ризик. Со оваа донација на учениците им посакуваме успешен старт на наставата, рече Реџепов.

Со доделување на денешните таблети како што додаде Реџепов со финансиска поддршка од Владата во соработка со Општина Делчево, Црвен Крст досега е заокружена бројка од доделени 100 таблети и 100 социјални пакети на семејства од социјален ризик.

-„Тернипе МК“ и понатаму ќе продолжи со поддршка во време на Ковид-19 кризата со надеж дека поскоро ќе се вратиме побрзо во нормален тек, а на учениците им посакуваме настава со физичко присуство со желба овие таблети да им се најдат единствено дкоколу има потреба, додаде Реџепов.

Директорите на делчевските воспитно-образовни установи изразија задоволство од блиска соработка со Тернипе МК, изразувајки надеж дека соработката во повеќе сфери од образованието ќе продолжи и во наредниот период. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*