Реализирана обука за обичајот „Редење и китење на невестата“ во склоп на Делчево Фест 2021 и Пијанечко-малешевската свадба

Во рамки на Делчево Фест 2021 и претстојната Пијанечко-Малешевска свадба одржана втората работилница како дел од презентирањето на обичајот „Редење и китење на невестата“, со учество на фолк групата Ѓердан под водство на кореографот Илија Поповски.

-Овој обичај се изведува во домот на невестата исклучиво од жени и девојки. Деовјките го правеле целиот процес на китење на невестата, додека жените пееле изворни песни и играле оро се дод доаѓањето на сватовите од машка страна, истакна Илија Поповски лице задолжено за обуката на учесниците во овој обичајот.

За Марина Коколанска, невеста на Пијанечко-Малешевската свадба, повеќе од задоволство е да се биде дел од обуката и да се презентираат старите свадбарски обичаи.

Марина и Игорчо кои се младоженци на годинешното издание на Пијанечко-Малешевската свадба в петок ќе ја крунисаат својата љубов под превезот на старите свадбарски обичаи.

Организатор на манифестацијата која е придружен дел од фестивалот „Делчево Фест 2021“ се реализира под покровителство на Министерството за култура со поддршка на Општина Делчево.

Во продолжение еве го видеото како изгледаа подготовките за обичајот „Редење и китење на невестата“:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*