Успешен старт на новата учебна година во Делчево

Во Делчево успешно стартуваше новата учебна година која во двете делчевски деветолетки и гимназијата ќе се одвива со физичко присуство, а поради запазување на мерките за заштита од Ковид-19 во дел од училиштата наставата ќе се одвива во две смени. Заменик директорот на ова училиште Влатко Атанасовски информираше дека годинава во прво одделение во ова училиште има вкупно 63 првачиња.

-Учебната година започна навреме и со запазување на сите протоколи за заштита од Ковид-19. Утрово за прв пат во училишните клупи седнаа 63 првачињакако во централното така и во подрачните училишта. Имаме над 400 ученици во деветолетката кои поради одбегнување на било какви гужви настава ќе следат во две смени, рече Атанасовски.

Во деветолетката „Ванчо Прке“ поради доволниот број простории со кои располага училиштето како што информираше заменик директорката Маријана Стоименовска, наставата ќе се одвива во една смена.

-Имаме доволно училници за учениците кои беа пречекани на 6 влеза во училиштето со преземање на сите мерки за заштита. За нас најголема радост беше што сите првачиња дојдоа навреме и она што најмногу значеше беше среќата на нивните лица. Понатаму на дневна основа ќе даваме информации до Министерството за здравство околу евентуалниот број на заболени, но се надеваме дека наставата ќе се одвива со физичко присуство и во понатамошниот дел од учебната година, рече Стоименовска.

Во ова училиште како што додаде учебната година ја започнаа 510 ученици, од кои 54 за прв пат седнаа во училишните клупи.

Учебната година успешно започна и во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“. Гимназијалците од ова училиште изразија надеж дека ќе го продлабочат своето знаење низ заедничка дружба со своите врсници.

-Чувството е прекрасно да бидеме повторно во училишниот двор да се видиме, да се запознаеме, рече ученичката Андреа Толевска.

-Им посакувам среќна и успешна година со нетпрение и ние ги очекуваме да ни дојдат повторно во училишните клупи. Им посакуваме учебната година да помине во добро здравје пред се засите, истакна професорот Сребран Георгиевски.

Во средното општинско училиште во учебната 2021/22 настава ќе следат вкупно 416 ученици

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*