Годишниот план за крводарување во Делчево на задоволително ниво

Годишниот план за крводарување во Делчево е на задоволително ниво. Во првите 8 месеци од годината планот за крводарување во Делчево изнесува 76 проценти што според Ивана Ангеловски од Општинската организација на Црвен крст Делчево е очекувана бројка, која до крајот на календарската година се очекува да биде во целост надмината.

-На овој процент ќе ја придодадеме и бројката од околу 40 крвни единици од денешната крводарителска акција во Делчево, за што им се заблагодаруваме на крводарителите за несебичната хуманост која ја покажаа и денес. Воедно упатувам повик до сите кои не дарувале крв, а сакаат да се вклучат во оваа група да дојдат и да даруваат крв во рамки на некоја од следните акции, рече Ангеловски.

Во рамки на денешниот ден видлива беше вклученоста на припадничките на понежниот пол кои со дарувањето крв дадоа свој придонес во успешната реализација на крводарителската акција.

-Јас прв пат дарував во 2016 година и досега крв имам дарувано 4 пати. Сметам дека редовно треба да се дарува бидејки луѓето имаат потреба од оваа течност, истакна делчевката Елеонора Трајановска.

Од Општинската организација на Црвен Крст Делчево апелираа до младите кои иамат наполнето 18 години во текот на наредните акции да земат активно учество и да даруваат од капката која спасува човечки животи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*