Со изградба на две нови фонтани ќе се разубавува централното градско подрачје во Делчево

Со изградба на две нови фонтани ќе се разубавува централното градско подрачје во Делчево. Во моментот во тек е изградбата на првата фонтана во централното градско подрачје за чија реализација како што информираа од Општината економскиот оператор одбран во тендерска постапка има обврска работите да ги заврши во рок од 6 месеци.

-Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно и современо Делчево како идејно решение на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. По начинот на функционирање,  фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно и да ја филтрира преку своја филтер-централа, информираа од Општината.

Со ова идејно решение како што додаваат се внесува дополнителна естетика на околниот простор, со цел привлекување на вниманието на минувачите и посетителите.

-Паричните средства за реализација на овој договор се обезбедени од донации и од буџетот на Општина Делчево за 2021 година. Вредноста на Договорот изнесува 2.6 милиони денари без вклучен ДДВ, додадоа од Општината.

Ова е прва фонтана од ваков вид и заедно со втората фонтана планирана од другата страна на Брегалница, пред Спомен-домот АСНОМ, како и другите планирани објекти во ова подрачје, како што дополнија од Општината ќе даде нов белег на градот и визуелна доминација во централното градско подрачје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*