Во Делчево промовиран Палеонтолошкиот локалитет „Стамер“

Во Делчево на промотивен настан претставен првиот уреден палеонтолошки локалитет „Стамер“ кој е дел од проектот за уредување на природни реткости во Општина Делчево кој се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во РСМ преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка. Карактеристично за овој локалитет како што истакна Билјана Гаревска од Природно-научниот музеј во Скопје се пронајдените фосили од жирафа која датира од таканаречената Пикерминска фауна.

-Најкарактеристичен вид кој е пронајден на овој локалитет е Sivatherium Garevskii, кој по пронаоѓањето на оваа жирафа веќе се потврди и тоа ја зголемува уникатноста на овој локалитет. Тоа што го прави најкараткеристичен е дека е прв вид во Европа, меѓутоа го имало во Азија и Африка. Овој вид претставуваше една алка која недостига во тоа да ние ете знаеме дека копната во минатотото биле споени, рече Гаревска.

Рударскиот инженер Љубе Митевски од село Стамер кој ги откри првите фосили потврди дека целата приказна почнала со откривање на рогот од жирафа во 2007 година кој вил откриен на неколку метри над селото Стамер.

-После отркивањето на рогот од жирафа, правовремено се вклучија во истражувањата од природно научниот музеј и почна со истрагите. Досега имам пронајдено околу 20 повидливи фосили, предизвик ми беа основните познавања од палеонтологијата, имав искуства со професорот Ристо Гаревски на рударскиот факултет каде го имавме како предмет и препознав дека се работи за фосили, рече Митевски.

Проектот за уредување на Палеонтолошкиот локалитет Стамер, се реализираше под водство на професор Васил анастасовски од Македонското екоилошко друштво кој истакна дека Македонија заради интересната релјефна структура меѓу европските земји важи за подрачје со многу природни вредности распределни во разни категории и со разни обележја.

-Од сите овие локалитети Македонија за разлика од околните земји располага со наоѓалишта со Пикерминска фауна. Овие наоди уште пред 100 години кога биле откриени првите скелети на праисториски животни кои се слични со денешната фауна во Африка но тогаш климатските биле други со многу тревни еко-системи и од таму се развила оваа фосилна фауна, рече Анастасовски.

Во рамки на уредувањето на локалитетот како што додаде Анастасовски направени се патокази кои водат до самото место и патеката каде се вршени истражувањата, а како што дополни во рамки на проектот содржините се дополнети со видиковец и информативни табли со фотографии од самите фосили со што се заокружени активностите за првиот уреден палеонтолошки локалитет во Македонија.

Тим лидерот на Програмата за зачувување на природата Маријана Шушлевска посочи дека главната цел на програмата е да се помогне во зачувување на природните вредности, био и гео-диверрзитетот и природата, преку одржливо користење на природните ресурси.

-Ова е една од многубројните активности кои оваа програма со посебен фокус на Источно-планскиот регион работи веќе 10 години. Во рамки на програмата досега се поддржаа повеќе активности за прогласување на природни реткости кои се случија од Министерството за животна средина и просторно планирање како главен партнер, покрај Општините од регионот, Македонското еколошко друштво како главен спроведувач на активностите поврзани со биолошката разновидност, Шумарскиот факултет од Скопје, Јавното претпсијатие „Национални шуми“ и ред други партнери, рече Шушлевска.

Државниот секретар при Министерството за животна средина Маја Шукова ирази надеж дека процесот на откривање, а на овие локалитети и нивно прогласување и промоција може да е во интерес и на државата и на локалната заедница.

-Ова што е направено овде е навистина добро треба да се зачува и да стане дел од туристичката и културно-образовната мапа, од најмалите за да го ценат тоа кога ќе бидат возрасни, меѓутоа и возрасните да го ценат ова што го имаме. Треба да ги провмовираме овие вредности, а државата и општините во иднина да обезбедат повеќе средства да се откриваат и оддржуваат, рече Шукова.

Делчево е гордо на ова што е откриено во рамки на овој локалитет, а општината со помош на државните институции за ќе продолжи да го промоввира не само во државата, туку и надвор од неа, истакна претставникот на Општина Делчево Ванчо Новоселски кој изрази благодарност до сите инволвирани кои дадоа свој придонес во реализацијата на овој проект. Освен природната реткост Стамер, во Делчево има уште два локалитети прогласени за природна реткост, Геолошкиот профил Звегор и Киселичка Пештера.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*