Во Делчево во тек пријавувањето за Меморијалниот натпревар во спортски риболов

Во Делчево во тек пријавувањето за Меморијалниот натпревар во спортски риболов. Организатор на настанот е Спортското-риболовно друштво ,,Брегалница” од каде информираа дека натпреварот ќе се одржи кон средината на месец септември.

-Правилата за учество се исти како и секоја година. Спортските риболовци ќе имаат на располагање 2 трски на дно или тапа по избор, при шти секој треба да се поседува чуварка и кепче, информираа од СРД ,,Брегалница”.
Упатија повик до сите заинтересирани да се пријават за натпреварот најдоцна до 18 септември 2021 година. 

-Меморијалниот натпревар ќе се одржи на 19 септември 2021 (недела), со времетраење од 7 до 16 часот со симболично учество од 700 денари. Како и секоја година за првите 3 места ќе следуваат парични награди, додадоа од СРД ,,Брегалница”.

Натпреварот како и секоја година ќе се одржи на езерскиот комплекс ,,Сандански” во близина на Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*