Населба „Пролет“ добива водоводна мрежа


Во населбата „Пролет“ во тек е изградба на водводна инсталација во должина од околу 400 м. со што сите новоизградени објекти во населбата ќе се приклучат на градскиот водоводен систем.

Во моментов се вршат земјени работи по што ќе се постави полиетиленско црево фи-110. Градежните работи треба да завршат до крајот на овој месец.

Инвестицијата за изградба на водводна мрежа во населбата Пролет е на Општина Делчево, а работите ги извршува ЈКП „Брегалница“ .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*