Делчевската библиотека со училишен прибор и годинава ги израдува учениците од подрачните училишта

Јавната локална библиотека ,,Илинден” и годинава ја продолжи традиционалната акција за доделување училишен прибор за ученици од подрачните училишта во Делчево.

Традиционално на почетокот од учебната година, ЈЛБ „Илинден“ и оваа година подарува книги на основните училишта односно на учениците кој се состои во школски прибир или книги. Оваа учебна година, нови лектирни изданија од II до IX одделение, добија учениците во подрачните училишта во с.Ѕвегор и с.Град, информираше Петровска.

ЈЛБ „Илинден“ како што додаде на сите ученици им посакува среќно и успешно враќање во училишните клупи и успешна нова учебна година.

-Учениците се наши најредовни и најчести читатели, и сите изданија на лектири, книги и стручна литература им стојат на располагање, додаде Петровска.

Радосни сме секогаш кога можеме да ви подариме, израдуваме и помогнеме. Среќно ученици, додадоа на крај од својата објава од ЈЛБ ,,Илинден”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*