Пекевски: Продолжуваме со нови проекти за подобрување на животот во заедницата

Во ромското маало имаме изразена поддршка и продолжуваме со взаемна грижа и во следниот период. Ова го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски при вечерашнава средба со граѓаните од ромското мааало како дел од средбите кои неодамна започнаа со жителите од повеќе населени места како во Берово, така и во селските средини.

-Вечерва имавме средба со многу позитивна енергија, изразено задоволство од досега сработеното, изразена поддршка за взаемна соработка и во иднина, заедно сите за сите. Потенциравме дека навистина за еден мандат е значително инвестирано во ова маало по многу различни канали и проектни основи, рече Пекевски напоменувајки дел од проектите реализирани во Ромското Маало.

-Во 2018 реализиравме нов детски парк во маалото каде најмалите уживаат во своите детски мигови. Се реконструира улицата „Прохор Пчињски“ со што жителите во овој дел конечно добија соодветна патна инфраструктура и достапност на итните служби за полесен пристап до градот. Проектот беше реализиран преку министерството без ресор одговорно за нега со заедниците, додаде Пекевски.

Преку разни канали како што дополни се работеше на поддршка и целосна инклузија на ромското население во сите активности на локално и државно ниво.

Пред граѓаните потенцираше дека преку проект во наредниот период ќе се реконструираат 15 постоечки домови од кои 11 веќе се во постапка а 4 се финализираат имотно правните аспекти.

-Исто така преку овој проект последните куќи од маалото ќе бидат приклучени на струја во координација до ЕВН и ќе биде опфатена 150 метри канализација во делот каде што досега не беше можно да се постави, кажа градоначалникот на Берово.

Во својата изјава додаде дека општината заедно потврдила дека грижата за граѓаните Роми е на исклучително високо ниво, инклузивноста е многу позначителна, а притоа на средбата сите се потсетиле на едни ,,мрачни времиња” кога односот кон нив според Пекевски се сведувал на зборовите „ќе ги влечеме за уши“ за денес тие да бидат целосно интегрирани и прифатени како еднаков дел од општеството.

На средбата според градоначалникот потврдена е взаемната доверба и поддршка во иднина да се продолжи заедно со реализација на заеднички идеи, со лоцирање на тековните проблеми да се продолжат заедничките напори за поправање на животот во ова маало и на секој граѓанин на Берово, со подобар квалитет.

Најубавиот град Берово, како што посочи Пекевски ќе се унапредува уште повеќе, со цел да биде уште подобро место за живеење со цел секој негов жител да биде горд на Општината која соработува со него и ги решава неговите проблеми и го прави неговиот град поубаво и поквалитетно место за живеење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*