Продолжува доизградбата на велосипедската патека Делчево-Илин Камен

Во Делчево во тек се градежни работи за доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен во рамките на која се градат улици во село Ѕвегор, како дел од патеката, во должина од 720 метри.

Проектот како што информираат од Општината се реализира во насока на промоција на природниот раритет Илин Камен во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.

-Средства се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Висината на инвестицијата чии градежни работи ги изведува фирмата СД Транс, како најповолен понудувач, согласно со проектираните цени е 4,9 милиони денари со вклучен ДДВ, од кои од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3,5 милиони денари, информираа од Општината.

Со оваа инвестиција како што додадоа ќе биде реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ село Звегор.

-За целосна имплементација и финализирање на патеката ќе остане да се поврзе селото Звегор со локалитетот Илин Камен, фаза која предвидува уредување на шумскиот пат со потпорни ѕидови на местата, каде патот е уништен со ерозија на земјиштето, додадоа од Општината.

Инвестицијата според планираното треба да биде завршена до крајот на 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*