Делчево ги започна чествувањата по повод Денот на ослободувањето на градот

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ, Делчево ги започна денешните чествувања по повод 7 Септември – Ден на ослободувањето на градот. 

Во чест и знак на сеќавање на борците  слобода, членовите на КУД „Гоце Делчев“ потсетија на историските моменти и значењето на НОВ и борбите кои претходеа  на ослободувањето на Делчево.  

Пред споменикот се   поклонија и свежо  цвеќе положија, делегација   од   Општина  Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот Драган Маневски, претставници од политички партии, институции, организацијата на Резервни офицери и здруженија на граѓани.

Во рамки на свеченостите закажана е Свечена седница на Советот на која ќе бидат доделена општинската награди „7 Септември“, како и наградите за најубаво уреден двор. 

Вечерва како дел од одбележувањето на Денот на градот и Денот на независноста во кино-салата во Делчево ќе се одржи концертот ,,Живеј со музика” со настап на тенорот Влатко Груевски, со пијано придружба на Андреј Наунов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*