Напредува изградбата на современиот градски пазар во Делчево

Напредува изградбата на современиот градски пазар во Делчево. Во моментов во тек е поставување на челичната конструкција на покриениот дел од пазарот, а претходно како што информираа од Општината на проектираната површина е поставена водоводната и фекалната канализација.

-Изградбата на првата фаза од современиот градски пазар на кој досега се завршени и бетонските работи треба да заврши до декември оваа година. За реализација на овој капитален проект комплетно се обезбедени средства за негова дореализација како за првата, така и за втората фаза од изградбата во висина од околу 35 милиони денари, информираа од Општината.

Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.600 квадратни метри и површина за градење  6.944 метри квадратни и содржи продажен простор за земјоделски производи, но и други стоки. Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој изврши увид во градежните работи истакна дека станува збор за доста значаен проект за Делчево како двигател на локалната економија од регионално значење за Општината.

-Како општина која се наоѓа на крајниот исток од државата, често имаме посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место не посетуваат граѓани од цела држава и пошироко. Со реализацијата на овој проект, Делчево ќе добие современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг- простор, рече Трајковски.

За во следниот период како што дополни  планирана за изградба е и нова улица која ќе го поврзува новиот пешачки мост и новиот градски пазар, со што како што додадe ќе се реши уште една инфраструктурна потреба за делчевци во насока за заживување на овој дел од централното градско подрачје кое ќе добие нов урбан лик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*