Нови дигитални уреди за беровските четвртоодделенци

Ученици од беровската деветолетка добија нови дигитални уреди со потребните дигитални учебници за полесно следење на наставата. Таблетите како што информираа од Општината ќе бидат наменети за учениците од четвртите одделенија од Општинското основно училиште ,,Дедо Иљо Малешевски”.

-Активноста се реализира како дел од новaта наставна програма, која предвидува дигитални учебници со која се опфатени и учениците од четврто одделение во ОOУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.  Со оваа активност се зголемува грижата за сите ученици да бидат еднакви и целосно подготвени, да ја започнат учебната година, а трошоците на родителите да бидат намалени, истакнаа од Општината.

Оттаму додадоа дека претходно како дел од мерките за поддршка на родителите на почетокот на учебната година, учениците од прво одделение, добија по 3.000 денари. 

Градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски додаде дека со ова уште еднаш се потврдува грижата на унапредување на наставниот процес и грижата за подобрување на квалитетот на живот, на сите граѓани.

-Образовниот процес е е алка во системот, во која постојано треба да се вложува и да се унапредува, се со цел создавање успешни генерации. Сетот тоа може да се направи токму преку подобрување на условите за учење, но и преку намалување на трошоците на родителите.

Градоначалникот на Берово додаде дека претходно во рамки на унапредувањето на образовниот процес, училиштето набави нови електронски табли, телевизори, принтери и други нагледни средства, кои се предвидени со новите наставни програми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*