Средба на кандидатот за градоначалник Николчо Стојменовски со почесниот конзул на Хрватска, Вита Хузјан

Како се ближат локалните избори, така партиите и нивните кандидати за градоначалници со свои активности полека се подготвуваат за почетокот на изборната кампања која стартува за нешто повеќе од десетина дена.

Во Делчево дел од нив веќе имаа повеќе средби како со граѓаните, така и со официјални лица како на државно така и на ниво на странски посети.

Таква беше и вчерашната посета во Делчево во чии рамки кандидатот за градоначалик Николчо Стојменовски се сретна со почесниот конзул на Р. Хрватска во Македонија, г-ѓата М-р Вита Хузјан.

Еве што кажа Стојменовски за средбата со Хузјан:

https://www.facebook.com/109473751471976/posts/110477681371583/

-Денеска ја имав таа чест и задоволство на гости да ми биде почесниот конзул на Р. Хрватска во Р. Македонија, г-ѓата М-р Вита Хузјан, заедно со кандидатите за градоначалници на општина Пехчево г-дин д-р Александар Китански и г-дин Димчо Атанасовски – Џими за Македонска Каменица. Имавме работен ручек, прошетка и кафе дружење. Голема благодарност за поддршката, стои во објавата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стојменовски.

Стојменовски во рамки на вчерашното одбележување на 7 Септември – Денот на ослободувањето на Делчево имаше кратка средба со актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, со кој пред почетокот на положувањето цвеќе пред споменикот на паднатите борци честитајки си го празникот на градот најавија дека ќе следува фер кампања за време на локалните избори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*