Во рамки на проектот ,,Зелен Круг” поставени инфо табли пред неколку диви депонии во Делчево

Упорниот Еко активист Дијана Јосифовски со уште еден проект за нашата Општина кој како што истакна е само предавесник за многу други кои ќе следат во наредниот период со цел заштита на животната средина.

Нејзината визија е Општина Делчево како и Источниот регион во следните неколку години да се брендира во Еко дестинација чии производи ќе се базираат врз природното и културното наследство и врз традицијата на луѓето што живеат тука, органските производи препознатливи по својот квалитет, целосно прилагодени кон современите потреби на граѓаните.

-Екологијата  може да има голем број на влијанија  врз заедниците и локалната економија, исто така може да генерира позитивни вредности, избегнување на урбаната преселба преку создавање на зелени работни места, зголемување на свеста за заштита на природата на посетителите туристите, експертите и вреднувањето на природните, културните и историски вредности. Општина Делчево има потецијали за развој на еко туризмот и затоа мора да продолжи со  промоција на градот како чиста еколошка општина  и органско производство на храна  заради создавање на зелени работни места и инвестиции. Се повеќе се актуелизира екологијата и заштитата на животната средина  во сферата на природното, културното наследство, палеонотолошки и археолошки наоѓалишта, разни манифестации, итн и секако сето тоа пропратено со автентично-традиционалната храна.

Голак има потенцијал да се развие во модерен еко туристички центар кој ќе ги задржи транзит туристите од Бугарија, како и да привлече домашни и странски туристи поради својата питома природа и ризницата од чаеви, шумски плодови, печурки, меѓународниот фестивал „ Голачки фолклорни средби“, посета на манастирот Св. Пантелејмон, стазите за скијање за почетници, планинарските и велосипедските патеки кои се веќе уредени и означени како и приматот на воздушна бања кој го имаше за време на Југославија кога функционираше во полн сјај, истакна делчевскиот еко-активист.

Во рамки на проектот како што додаде Јосифовски се поставија инфо табли за заштита и зачувување на животната средина, на три локации низ нашата Општина каде граѓаните фрлаат ѓубре кое тешко се распаѓа и ги загадува водите, почвата и воздухот.
Првата локација е на паркингот позади новата црква, втората кај Градскиот стадион и третата локација на планината Голак.
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*