Делчево дел од проектот на КАЖИ КОГА и РЦЗ за трансформација на урбаните јавни површини во зелени простори

Со финансиска поддршка на Амбасадата на САД здруженијата КАЖИ КОГА Скопје и Регионален центар за застапување Делчево (РЦЗ) започнаа со активностите од проектот „Наш град“.

Во таа насока, а во пресрет на локални избори преку видео порака се обратија до локалните власти и на граѓаните на Скопје и Делчево каде ќе се спроведува проектот.

Ако до скоро, битката на градските татковци и мајки беше битка за што повеќе асфалтирани улици; за доволно многу згради и станови; за паркинзи и плочници, денес, би требало да биде и битка за подебели сенки, за што повеќе природни убавини, како и ЗА паркови и градини, се вели во пораката на КАЖИ КОГА и РЦЗ.

Оттаму додадоа дека проектот е посветен на промоција на акции за трансформација на урбаните јавни површини во зелени, функционални и одржливи простори, како и мотивирање на жителите на двата града за поголема вклученост во организирањето и одржувањето на урбаните јавни простори, особено на запуштените тревници, паркови, игралишта и сл.

Проектот ќе се спроведува во Скопје и Делчево до 20 август 2022 година. Здруженијата ќе бидат активни во три населби на двата града, па, следете ги на социјалните мрежи и вклучете се и вие во нивните активности за поубави населби и маала.

Во продолжение следува првата видео порака објавена на нивната фејсбук страница (https://www.facebook.com/kazikogamk), упатена од еден од иницијаторите на првата општествена градина „Бостание“ која би требало да ве инспирира на слични акции во вашите населби и маала.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*