Жена ќе ја предводи советничката листа на Левица која прва поднесе листа до ОИК Делчево, познати имињата на носителите и кај СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

Партискиот огранок на Левица Делчево прва од партиите ја поднесе советничка листа со која ќе настапи на локалните избори, а која ќе биде предводена од Сања Николовска која е носител на листата.

Во меѓувреме до истекот на рокот се очекува и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да го направат тоа.

Според партиски извори советничката листа кај СДСМ ќе ја предводи архитектот Гоце Попов, додека кај ВМРО ДПМНЕ претседателот на Општинскиот комитет Сашко Ивановски.

Останатите имиња на советничките листи на партиите кои досега поднесоа кандидатури ќе ги соопштиме по завршувањето на крајниот рок кој истекува утре на полноќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*