МВР Билтен: Жител на Кочани лишен од слобода на ГП Делчево поради ,,сомнителни” пари!?

Жител на Кочани лишен од слобода, откако во неговото возило при рутинска контрола на граничниот премин Делчево се пронајдени непријавени банкноти. Настанот го потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека истиот се случил утрово.

-На 10.09.2021 во 10.35 часот на Граничен премин Делчево, лишен од слобода е З.С.(49) од Кочани. При преглед во товарното возило „опел“ со кочански регистарски ознаки со кое управувал З.С, во него биле пронајдени пари, кои не ги пријавил, информираа од делчевската полиција.

Оттаму додадоа дека кои освен што парите не биле пријавени, гореспоменатото лице за не поседувал никаква документација, како потврда за сопственост на парите.

По целосно документирање на случајот против него како што дополнија ќе биде поднесена соодветна пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*