Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка!

Министерот за здравство Венко Филипче на штотуку одржаната прес конференција соопшти дека од морални причини поднесува оставка од функцијата Министер за здравство. Претходно оставка поднесе и заменик Министерот за здравство Хасани.

Никогаш не бегав од критика и никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата, рече министерот Венко Филипче.

-Пред година ипол го регистиравме првиот ковид случај, го паметам тој ден имавме две прес конференции од оваа иста говорница. Од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно соопштувајки ги добрите и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, никогаш не останав должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесивме беа со една единстевна цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните, рече Филипче и додаде:

-Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа може да го опише, ниту, пак, начин да се надомести загубата. Почитувани како лекар и министер имам интегритет, затоа од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев. Сакам да им се заблагодарам на сите кои веруваа и ме подржуваа во работата, одговорните и предизвиците кои се соочував, рече Филипче и се заблагодари на поддршката на медиумите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*