Млади од Делчево учествуваа во Меѓународна младинска размена како дел од Еразмус+ програмата

Девет млади учесници од Македонија во периодот од 1 до 10 септември 2021 година учествуваа на меѓународна младинска размена во Метони Грција, за периодот од 01.09.21 до 10.09.21 која е финансирана од програмата Еразмус+, како дел од активностите на Организацијата “Здружение на студенти по право и млади правници Павел Шатев Кочани“.

Покрај од Македонија во проектот учество зедоа учесници од Бугарија, Унгарија, Романија и домаќинот Грција. Темата на овој проект е “Non-discrimination mode: ON” а целта е да се помогне на учесниците да ги разпознаваат сите предрасуди и форми на дискриминација, да придобијат самодоверба, критично мислење и да си ги развијат комуникативните способности.

На настанот учествуваа ученици и студенти од Делчево, Кочани, Штип и Радовиш и се на возраст помеѓу 16 и 27 години со различни минати искуства.

Учесниците се стекнале со можност да се запознаат со професионални актери од Романија и да го искористат театарот како алатка за едукација, комуникација и за исполнување на целите на проектот. Во текот на проектот се реализирале различни лекции, работилници, дискусии и средби.

Тоа според учесниците ќе допринесе да се анализираат приоритетите на младите барајќи го најдобриот начин за интегрирањето на младите во нивните секојдневни средини преку размена на мислења и искуствата кои ги стекнале.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*