За локалните избори во Пијанечко-Малешевскиот регион 14 кандидати за градоначалници и 15 советнички листи

Во Берово на претстојните избори четворица кандидати ќе ја бараат довербата од граѓаните во трката за градоначалник на Општина Берово. Како што информираше Славчо Страторски, претседател на Општинската изборна комисија во Берово, освен кандидатурите за градоначалници, поднесени се и 5 советнички листи, со кои неколку партии ќе настапат на претстојните локални избори.

-За кандидати за градоначалник на Берово со свои кандидати излегоа париите Интегра,  Родина, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Што се однесува до советничките листи, заедничка советничка листа имаат поднесено партиите ЛДП и ДОМ, како и партиите Родина, Интегра, СДСМ и коалицијата составена од повеќе партии како и ВМРО ДПМНЕ со коалициските партнери, истакна Страторски.
До Општинската изборна комисија како што додаде, не се поднесени независни кандидатури за градоначалник со советнички листи.

Претседателката на Општинската изборна комисија во Пехчево, Мануела Станоевска Стоилковска информираше дека во оваа општина поднесени се 3 кандидатури за градоначалник и 4 советнички листи.

-Кандидатури за градоначалник на Општина Пехчево имаат поднесено СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со нивните коалициони партнери, додека имаме и една независна кандидатура за градоначалник. Сите тие имаат и сопствени советнички листи на кои се придодава и советничката листа на ТМРО без нивни кандидат за градоначалник, истакна Станоевска Стоилковска.

Претходно од Општинските изборни комисии во Делчево и М.Каменица дознаваме дека во двете општино, вкупно 7 кандидати поднеле кандидатура за градоначалник. Од нив како што информираше Борче Иванов, претседател на ОИК, во Делчево СДСМ и ВМРО имаат сопствени кандидати со советнички листи, како и партијата Левица која на локалните избори во Делчево ќе настапи со сопствена советничка листа без кандидат за градоначалник. 

Во М.Каменица, вкупно 5 кандидати за градоначалник ќе ја бараат поддршката од граѓаните. Од нив тројца кандидати се независни, додека двајца се кандидати од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Во оваа општина поднесени се и 5 советнички листи од кои 3 независни и по една на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*