Апел од хуман граѓанин: Потребен болјер и хигиенски средства за семејство од социјален ризик

Објава на Мирсад Арифовски:

Сакам еден апел до сите добронамерни и хумани луѓе. Денеска бев кај една фамилија која е преселена од Црник во социјалните станови, жената е сама со две малолетни деца на кои им треба помош. Пред се во делот на лична хигиена потребен им е болјлер. Изгорена им е сигмата и треба да се набави нов болјер и сигма.

Но тоа не е се: Децата спијат на обичен душек на подот, потребни им се и многу други средства, но за почеток хигиенски да се снабдат, се работи за 8.000 денари. Јас ќе дадам жито сметка за сите што сакаат да донираат. 200002367556592 Мирсад Арифовски Стопанска Банка.

Досега никогаш не сум пишувал за ваква работа и не се зафркавам така што без глупави коментари. Од како ќе се соберат средства и ќе се купат потребните работи јавно ќе објавам откако ќе бидат наместени, се вели во објавата на Мирсад од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*