Пред 53 години основан Фудбалскиот клуб ,,Саса”

Фудбалскиот клуб ,,САСА” од Македонска Каменица е основан на 12 септември 1968 година. Ангел Вренцовски е првиот претседател на клубот, како тогашен директор на Рудникот ,,САСА”.

Само една година по основањето, Фудбалскиот клуб ,,САСА” станува член на Брегалничката фудбалска регионална лига, каде 10 години успешно се натпреварува.

Во текот на целата натпреварувачка 1978/79 сезона, ФК САСА е лидер на табелата во Брегалничката фудбалска регионална лига и освојувач на првенството. Тоа, во новата сезона ја преселува во натпреварувањата од Првата македонската фудбалска лига.

За тогашните успеси на клубот, денес од ФК САСА велат: Тоа е успех што заслужува најголема почит, бидејќи со ваков статус подолго време не можеа да се здобијат клубовите кои и тогаш имаа поврќедецениска традиција. Затоа со право велиме дека ФК САСА е гордост на рударите, на сите каменичани и на сите љубители на фудбалската игра. а здобивањето на републичкиот статус е убав подарок за јубилејот и за денот на рударите – 28 Август.

Денес ФК САСА се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига под името ФК Каменица САСА. По три одиграни кола со 7 бодови, го дели првото место со ФК Победа од Прилеп, каде денес одиграа со нерешен резултат од 1:1.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*