Со изложбата на карикатури ,,Алфа, Бета, Делта” продолжуваат културните настани во Делчево

Со изложба на карикатури ,,Алфа, Бета, Делта” од карикатуристот Миро Георгиевски, продолжуваат културните настани во Делчево. Организатор на настанот е Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од каде информираа дека на изложбата ќе бидат претставени карикатури на тема Ковид-19.

-Изложбата ќе биде отворена на ден 14.09.2021 година(вторник). Станува збор за изложба на карикатури на еден од најататрактивните  македонски карикатуристи Миро Георгиевски, карикатурист со освоени преку 200 награди, претежно добиени во странство, информираа од Центарот за Култура.

Георгиевски кој е носител на наградата „Ѓраѓанин на Европа“ покрај со карикатура се занимава и со сликарство. Со свои дела се има претставено на преку 100 самостојни изложби. Изложбата во Делчево ќе биде отворена во фоајето на Спомен Дом „АСНОМ“ со почеток во 13 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*