Едно лице повредено во пожарот кој ја зафати месноста ,,Штабот” над атарот на с.Габрово

Едно лице е повредено во пожар кој денес попладне избувна кај месноста ,,Штабот” над атарот на село Габрово. Во моментот на терен е Територијалната противпожарна единица од Делчево која веднаш по дојавата се упатила кон опожареното место.

-На терен овде има 3 возила и 8 пожарникари. Месноста се вика Штабот и пожарот се шири во правец од над селото Габрово кон депонијата Острец, информираше пожарникарот Лоренцо Трајановски.

Од Итната медицинска помош ја потврдија информацијата за повредата посочувајки дека повеќе информации за состојбата на повредениот ќе соопштат во текот на денот.

Екипи на ТППЕ Делчево и понатаму остануваат на терен до локализирање на пожарот кој  се уште е активен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*