Волк се прошета низ центарот на село Владимирово!?!

Волк се прошета низ центарот на село Владимирово. Случката на својот фејсбук профил ја документираше претседателот на здружението Владимирски Илинденски Средби, Бранко Ужевски, а волкот како што се вели во коментарите под објавата е виден уште пред две недели во близина на црквата во селото, но за прв пат е забележан како се движи низ главната селска улица. 

Друг жители во продолжение на објавата коментира дека најмалку 5 волци во изминатиот период се забележани во атарот на ова беровско село.

Во коментарите се наведува и дека нема потреба за паника помешу жителите бидејки станува збор за куче во сопственост на еден од жителите на селото што засега не е потврдено во целост.

Како и да е, освен волци во беровско деновиве во повеќе рурални средини како што информираат земјоделци, забележливи се диви свињи во неколку делчевски села. На удар на дивите свињи е се уште несобраниот род, пченка и компирот кој вообичаено се ,,прибира” од нивите на почетокот на есента.

Ловџиите кои се подготвуваат за почетокот на ловната сезона која стартува на 1 октомври ја потврдија информацијата; додавајки дека главната причина за нивно ,,спуштање” во пониските средини е недостигот на храна.

Објавата на Ужевски за волкот кој бил забележан во Владимирово во продолжение: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2884761858500657&id=100009006132339

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*