Мирсад и хуманите граѓани покажаа вистински пример на човечко чувство за помош!

Делчевецот Мирсад Арифовски и хуманите граѓани покажаа вистински пример на човечко чувство за помош на мајка со две малолетни деца. Откако побара помош и ја доби истата, Мирсад ги објави фотографиите од завршената работа во станот на семејството (мајка со две деца), кои поради социјалниот ризик во кој се наоѓаат имаа потреба од нов болјер кој веднаш беше обезбеден од хумани граѓани.

Мирсад кој е познат во градот по своите мајсторски способности, по обезбедувањето на уредот веднаш ја заврши монтажата со што го исполни ветувањето кое го даде на својот фејсбук профил.

Во исто време хуманите граѓани (Авто школа ТЕОН и ПЕКЕ дооел) донираа хигиенски средства и пакет со храна што навистина е за пофалба.

Секоја чест за брзата реакција и потегот на Мирсад кој покажа одлично човечко чувство за помош на лица на кои навистина им беше потребна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4513237775406523&id=100001610351566

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*