Црвен крст Делчево со низа активности по повод Светскиот ден на Прва помош

Во Делчево со низа активности Општинската организација на Црвен крст го одбележува Светскиот ден на Прва помош. Првиот дел од одбележувањето се реализираше во централното градско подрачје во чии рамки како што информираше организациониот секретар Ивана Ангеловски се реализираа повеќе активности од едукативен карактер во кој беа вклучени и граѓаните на Делчево.

-По повод Светскиот ден на Прва помош  нашите волонтери кои се обучени за пружање прва помош, поделија флаери со ефукативни совети до нашите граѓани како да пружат прва помош, а освен тоа презентираа и 5 едукативни вежби за укажување помош во различни ситуации при несакани повреди, истакна Ангеловски.

Во рамки на понатамошниот дел од активностите планирани се обуки за освежување на знаењата за Прва помош за наставниот кадар во училиштата во Делчево и М.Каменица.

-Во таа насока планирани се курсеви за освежување на знаењата на наставниците и професорите како да пружат Прва помош во нивните средини и разни ситуации во секојдневниот живот. Со активноста ќе бидат опфатени двете делчевски деветолетки како и гимназиите во Делчево и М.Каменица, додаде Ангеловски

По завршувањeто на курсевите секој учесник во обуките ќе добие прирачник за Прва помош кој според преставникот на Црвен Крст Делчево ќе биде од огромна помош за наставниот кадар при укажувањето прва помош при несакани ситуации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*