Бронзена плакета за Ѓорѓијоски од ,,Шабачка чивија 2021″

Македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски е добитник на бронзената плакета од овогодишната ,,Шабачка Чивија” која се одржува по 53 пат. Ѓорѓијоски наградата ја доби во категоријата најдобар афоризам и е вкупно трета по ред награда на еден од најреномираните и најпрестижните фестивали за хумор, сатира и карикатура на Балканот, на кој како по правило редовно учествуваат најдобрите сатиричар и од регионот

-Посебно ми се драги учествата и наградите на овој фестивал каде за првпат победив 2013 година, како и на јубилејниот 50-ти во 2018 година. Оваа година беше 53-тото издание на фестивалот, што само по себе зборува дека е еден од најстарите фестивали на Балканот и пошироко, рече Ѓорѓијоски.

Низ годините наназад на овој фестивал учествувале и добивале награди најзначајните имиња во сатирата, што според Ѓорѓијоски им дава посебна вредност на наградите освоени на овој фестивал.

Сатиричарот во моментот е во завршна фаза на подготовка на неколку книги, од кои две ќе излезат до крајот на оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*