
Во Општина Виница се одржаа ,,25 Регионални пензионерски спортски игри” со учесници од целиот источен регион, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини. На настанот се обрати градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров кој истакна дека овој настан е доказ дека пензионирањето ја претставува најубавата етапа во животот на еден човек.
-Со пензионирањето животот продолжува, еланот и желбата за физички и спортски активности се за вистинска почит и претставуваат еден убав пример и даваат голем придонес за промоција на спортот и здравите навики во рамки на секојдневното живеење.”- изјави градоначалникот Ивица Димитров.

,,Општина Виница секогаш е пoтготвена за подршка на сите активности и проекти кои се иницирани и реализирани од Здружението на пензионери, и понатаму активно ќе работи на остварување на взаемна соработка и развивање на партнерство. Постојано работиме на делот на обезбедување на услови за развој во сите сфери од секојдневното живеење, а особено во делот на подобрување на условите за повозрасната категорија на граѓани.” – додаде Димитров.

На отворањето се обратија и претставници од Здружението на пензионери на Виница како и од останатите здруженија.

Натпреварите се одвиваа на три локации, на Градскиот стадион во Виница, на игралиштето на СОУ ,,Ванчо Прке” и во спортската сала на СОУ ,,Ванчо Прке”.

На овогодинешното издание на Регионалните спортски игри се натпреваруваа околу 100 пензионери, во пет спортски дисциплини, односно шутирање на мали голови – мажи и жени, слободно фрлање на кош – мажи и жени, трчање над 60 год и до 60 год – мажи и жени, фрлање ѓуле – мажи и жени и скок од место – мажи.

Leave a Reply