Пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски ќе добие „Соба за културното наследство на Пијанец“

Пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски ќе добие „Соба за културното наследство на Пијанец“. Како што соопшти секретарот Перса Стојановска на официјалната страница на Здружението фолклорна група Копачка активноста е дел од активностите на здружението по повод 7 годишнината на орото Копачка во УНЕСКО.

-ДИМИТАР УЗУНСКИ ОД АМБИЦИОЗЕН УЧИТЕЛ, ПА ВЉУБЕНИК ВО ПИЈАНЕЧКИОТ ФОЛКЛОР, ДО РЕАЛИЗИРАН НАРОДЕН УМЕТНИК. Годинава го реализираме проектот „Соба на Димитар Узунски, за културното наследство на Пијанец“, сибвенциониран од страна на Министерството за култура, поддржан од Општина Делчево, во делот на туристичките знаци. Предвидуваме отварање и промоција на 27.11.2021 на денот на 7 годишнината на орото Копачката во УНЕСКО, истакна Стојановска на фејсбук.

Во меѓувреме Фолклорната група „Копачка“ е активен учесник на повеќе реномирани манифестации од кои најголем дел се настапи во повеќе градови во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*