Проектот „Избери сирење“ претставен во Делчево

Во Делчево претставен проектот „Избери сирење“ кој Ветеринарната станица „Здравје“ го реализира како дел Еразмус плус програмата со партнерство на средното земјоделско училиште од Крижевци, Р.Хрватска и клубот на дегустатори од Епир, Грција. По тој повод како што информираше претседателот на Ветеринарната станица „Здравје“, Слободан Димитровски во Делечво се одржа работилница на кој присутните меѓу другото се запознаа со класичниот начин на правење на сирење во Пијанец.

-На денешната работилница сакавме да дадеме акцент на тој стар начин на производство на сирење во нашата општина и да се даде предност на тие мини млекари и домашен бизнис при производството на млечни производи. Во таа насока ја посетивме млекарата и фармата за крави на Рудине, додека во наредните денови ќе имаме посета и на две места во Берово, две мини млекари и на тој начин ќе видиме како се прави сирење на традиционален начин, рече Димитровски.

Соработникот во реализацијата на проектот „Избери сирење“ Панче Николов, додаде дека овој проект има за цел да го подигне знаењето на учениците од средните земјоделски школи од Кавадарци, Скопје и Крижевци. 

-Имаме за цел да направиме еден тренинг со учениците за обработка на сирења по традиционален начин. Проектот треба да даде поттик на традиционалното производство на сирење, а со тоа и да помогне во неговиот пласман преку вклучување на некои традиционални специјалитети во секојдневната гастрономска понуда која е атрактивна во денешно време која се бара во туристички и угостителски објекти и насекаде, додаде Николов.

Дополни дека по серијата на тренинг обуки во Македонија, Хрватска и Грција, ќе биде изготвен прирачник за гастрономија за „Готвење со сирење“ и негова употреба како гастрономска понуда на сирењето и неговите производи во широката мрежа на угостителство и туризам.

-Од друга страна сметаме дека со овој проект ќе ја подигнеме свеста за квалитетот и вредноста на традиционалните производи, кои знаеме дека ги има во изобилство во нашата земја, меѓутоа се уште се блокирани и анонимни. Тоа е најчесто поради некои законски прописи, но и неможноста најкавлитетното да се покаже на трпезата за понудата да биде достапна на повеќе потрошувачи во државата, дополни Николов.

Како што меѓу другото беше кажано на денешната работилница со учесниците на денешниот настан во Делчево бројот на фармерството е во големо опаѓање, а целта меѓу другото е да се види како егизстира фармерството на местата каде се уште го има со посета на места каде се уште се негува традиционалниот начин на чување стока и производство на сирење,а во рамки на проектот предвидена е и посета на етно хотел со увид во целокупната гастрономска понуда на сирењето. 

Организаторите на настанот напоменаа дека во иднина ќе инсистираат сирењето да биде вклучено во една повисока фаза на гастрономска понуда, како специјалитет кој ќе ги задоволи вкусовите на бројните потрошувачи, не само во земјата, туку и во странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*