Трајковски и Стојменовски расположени за кафе-средба и дуел во живо!?

Кандидатите за градоначалници на Делчево Николчо Стојменовски и Горан Трајковски се расположени за заедничка кафе-средба и меѓусебен тв-дуел. Ако се суди според она што денес и двајцата кандидати го најавија на своите официјални фејсбук профили, тоа најбрзо би се случило по потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори кој е стандардна процедура пред почетокот на локалните избори.

Имено на својот фејсбук профил кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Николчо Стојменовски го покани актуелниот градоначалник и кандидат од СДСМ, Горан Трајковски на заедничка кафе средба, објава во коај меѓу другото еве што се вели:

-„Пред официјалниот почеток на предизборната кампања за локалните избори 2021 година, со желба за фер и демократска предизборна атмосфера, го повикувам мојот опонент, кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Трајковски на неформална кафе средба во среда 22.09, во 17 часот во Валиум кафе, заедно со носителите на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица, Сашко Ивановски, Гоце Попов и Сања Николовска, како и претседателот на ОО на СДСМ Влатко Величковски. Дијалогот во политиката е одлика на демократските вредности и доблеста која ја имаат политичките чинители. Фер и демократска камања е одлика на зрели политичари кои имаат јасни и искрени цели, кои без притисоци врз граѓаните ќе успеат да ја добијат поддршка.Да покажеме дека сите заедно сме за слободни и фер избори, без неправилности, без уцени, за доброто на граѓаните“, истакна Стојменовски во својата објава на фејсбук.

https://www.facebook.com/Dr.NikolchoStojmenovski/posts/115392854213399

Д-р Николчо Стојменовски – кандидат за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ

На ова веднаш со одговор излезе Трајковски кој на својот фејсбук профил напиша:

„Демократијата е стандард кој нема замена, а изборите се врв на една демократија и доказ за слободно и фер опшстество. Овие постулати се и моја заложба и во претходниот мандат, како градоначалник и политичар. Во таа насока, ја поздравувам Вашата иницијатива за кафе- средба, но за да ги официјализираме нашите заеднички заложби за фер избори, предлагам оваа неформална кафе- средба како кандидати за градоначалник и носители на советнички листи, да ја реализираме по потпишувањето на Кодексот за фер избори во Делчево, која треба да се случи најдоцна до 26.09.21. Воедно, Ви испраќам јавно и покана за тв-дуел, каде ќе можеме и јавно да ги образложиме и соочиме нашите програми со цел да ги запознаеме граѓаните со политиките и плановите за развој на нашето Делчево во мандатот од 4 години“, одговори Трајковски на фејсбук.

https://www.facebook.com/trajkovski.goran.94/posts/10220369195488650

Горан Трајковски – Кандидат за градоначалник на Делчево од СДСМ и актуелен градоначалник

Во однос на овие понуди, ние како локален веб-портал кој го следат повеќе од 38.000 следбеници на двајцата кандидати можеме да им понудиме можност за таков дуел кој би се одвивал во живо на нашата фан страница delcevo365.mk. Поканата е отворена и за носителите на трите советнички листи од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Левица, кои исто така на локалните избори ќе ја бараат довербата од граѓаните на претстојните локални избори.

Воедно кандидатите за градоначалници и носители на советнички ги повикуваме бесплатно да ги претстават своите програми со што граѓаните подетално ќе се запознаат со нивната понуда во пресрет на локалните избори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*