Со низа активности во Делчево одбележан Денот на пензионерите

Здружението на пензионери од Делчево се вклучи во одбележувањето на 75 годишнината од формирањето на Сојузот на пензионери. По тој повод како што информираше претседателката на делчевското здружение Виолета Арсова во Делчево се реализираа низа активности, меѓу кои и средба со организации, поединци и институции со кои здружението долги години има успешна соработка.

-Честитки до сите пензионери за овој ден кој го славиме како ден на кој пред 75 години е формирано првото пензионерско здружение. На одбележувањето ги поканив претставниците на Црвен крст Делчево со кој имаме одлична соработка како и градоначалникот на Делчево. Благодарејки на Црвениот крст во рамки на одбележувањето на Денот на пензионери во текот на денот ќе доделиме неколку хуманитарни пакети на  најзагрозени пензионери од Делчево, рече Арсова.

Честитајки им го јубилејот, градоначалникот на Делчево  Горан Трајковски рече дека пензионерите се тие кои во нивниот работен век дале свој допринос во различни институции во градење на општината и нивното искуство треба да биде добра насока за сегашните и идните генерации кои треба да продолжат по нивниот пат за создавање подобри услови за живот во општината.

Од страна на Здружението на пензионери во насока на продолжување на одличната соработка беа доделени градоначалникот на Општина Делчево и претставниците на Црвен крст добија благодарници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*