Иселениците од Швајцарија со хуманитарен турнир во „петанки“ ќе го помагаат манастирот „Св.Илија“

Наши иселеници кои живеат и работат во Пиду и околината (Лозана, Веве, Монтро) Швајцарија на 25 септември 2021 година (сабота), со почеток во 9.00 часот организираат турнир во петанки во Пиду.

Соберените финансиски средства ќе бидат наменети за доизградба на манастирски комплекс „Св.Илија“ с.Ѕвегор.

Со својата хуманост и ангажираност нашите иселеници кои потекнуваат од Ѕвегор, Габрово, Делчево и околината организираат хуманитарни настани со кои помагаат како во изградба на објекти така и за реконструкција во Ѕвегор, Габрово.

Јавна благодарност за соработката како од Црковниот одбор од с.Ѕвегор, така и од граѓаните од Ѕвегор со желби за добро здравје и понатамошна соработка, се вели во објавата на организаторите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*