Продолжува теренската вакцинација во руралните средини во Делчевско

Продолжува теренската вакцинација во руралните средини во Делчевско. Како што информираа од јавната здравствена установа Здравствен дом “Гоце Делчев” од Делчево, согласно распоредот теренската вакцинација ќе започне утре, четврток (23.09.2021) со вакцинирање на жителите од селото Разловци.

-Втората фаза од теренската вакцинација започнува од четврток 23 септември 2021 во Разловци. Истата ќе се одвива во периодот од 08 до 11 часот во здравствениот пункт во ова село, а следниот ден, 24 септември 2021 (петок) ќе бидат опфатени жителите на село Тработивиште кои во периодот од 08 до 10 часот исто така ќе можат да се вакцинираат во здравствениот пункт во ова село, истакнаа од Делчевскиот здравствен дом.

Во деновите од викендот нема да се врши теренска вакцинација, а истата како што додадоа здравствените надлежни ќе продолжи од идниот понеделник.

-Од идниот понеделник и вторник теренска вакцинација ќе се врши во селата Звегор и Габрово, каде што жителите од овие села во периодот од 08 до 10 часот ќе можат да се вакцинираат во просториите на подрачните училишта во овие две села, додадоа од ЈЗУ ,,Гоце Делчев”.

Од Здравствениот дом во Делчево додадоа дека вакцинацијата е доброволна и бесплатна и упатија апел граѓаните исто така да ги посетат вакциналните пунктови во Делчево и да го остварат своето право на вакцинација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*