Стојменовски и Трајковски допрва ќе го пијат заедничкото кафе!

Првата заедничка кафе средба помеѓу единствените кандидати за градоначалници на Општина Делчево на претстојните локални избори, Николчо Стојменовски и Горан Трајковски не се случи. Иницијативата која пред некој ден ја покрена на фејсбук, Стојменовски иако очекуваше денес да се реализира во договореното време, како што објави на својот фејсбук профил, сепак не се реализираше.

-После поздравот преку социјалните мрежи кој веројатно градоначалникот Трајковски ми го упати мене пред некој ден, бидејќи името не ми го ни спомна, мислев дека ќе се предомисли и сепак ќе дојде на неформалната средба која ја закажав за денеска во 17 часот. Не знам од кои причини опозициската СДСМ не се појави на средбата, пред медиуми и на социјални мрежи се расфрлаат со термини како „демократија“ и „слободно и фер општество“, а во реалноста си знаат граѓаните како и дали тоа функционира. Знам дека Кодексот за фер избори ќе го потпишеме, ама народот не живее од кодекси, туку од вистински потези на оние кои ги поддржале. Делчево има потреба од демократија во вистинска и реална димензија. Ете затоа повикав на средба, да види народот дека не се криеме зад процедури и формалности, туку дека сме исти како сите наши сограѓани. Пораката за жал не ја сфативте. Се надевам дека ќе Ви стане појасно после изборите, истакна Стојменовски во неговата објава на фејсбук.

Д-р Николчо Стојменовски – кандидат за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ

Покана за средба како што додава Стојменовски била упатена и до носителите на Советничките листи од партиите Левица и СДСМ, но според него единствено носителката на советничката листа на ЛЕВИЦА, Сања Николовска навремено и коректно го известила за нејзиното оправдано отсуство од средбата.

Статусот на Стојменовски: https://www.facebook.com/109473751471976/posts/116154394137245/

Актуелниот и кандидат за градоначалник од СДСМ Горан Трајковски во врска со средбата го повтори она што и претходно како што вели го објавил на личниот фејсбук профил, а тоа е дека најавената кафе средба секако ќе се случи, но по потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори. Во телефонското јавување Трајковски воедно го покани Стојменовски на заеднички ,,дуел” на кој, како што додаде ќе ги образложат своите програми пред граѓаните на Делчево.

Горан Трајковски – Кандидат за градоначалник на Делчево од СДСМ

Во продолжение телефонската изјава на актуелниот и кандидат за градоначалник на СДСМ, Горан Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*