Донација од Винербергер за лица чии домови изгореа во пожарите во Делчевско

Реномираната компанија Винербергер дооел Виница, предходната недела ја предаде донацијата од ќерамиди и дополнителни покривни елементи од брендот Тондах за целосна реконструкција на покривот на два објекти кои што претрпеа најголема штета во пожарот што се случи во Делчево.

-Ваквите донаторски активности се одраз на определбата на Винербергер да го мери својот успех не само според постигнатите финансиски резултати, туку и преку бројот на лица кои се опфатени со хумани акции и проекти, кои потекнуваат од искрената намера на компанијата да даде свој придонес кон развојот на поединецот и на општеството, истакнаа од Винербергер дооел Виница.

Како што може да се забележи на фотографиите подолу, донацијата од реномираната виничка компанија во целост се вклопува со реновираниот објект на Ѕвонко од село Нов Истевник кој со помош на хуманитарната организација ,,Св.Спас”, Општина Делчево и други помагатели повторно беше изграден откако изгоре во пожарот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*