За утре (24.09.2021) закажана последната седница на актуелниот делчевски Совет

Советниците кои од страна на граѓаните на Делчево на Локалните избори во 2017 година беа одбрани да ги претставуваат во Советот на Општина Делчево утре, петок (24.09.2021) си почеток во 14:00 часот ќе ја одржат својата последна седница.

Во изминатиов 4 годишен мандат како што истакна пред еден месец на свечената седница по повод Ослободувањето на Делчево, претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Маневски одржани се 55 редовни работни седници и разгледа околку  1200 точки на дневен ред.         

-Притоа донесени се  557 одлуки од кои 300 одлуки за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица, донесени се одлуки за изработка на урбанистичко-проектна документација за Проект за инфраструктура за изградба на водоснабдителен систем за с. Габрово и с. Ѕвегор,донесени се и повеќе одлуки за  приоритет на проекти за аплицирање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, кои имаат за цел да дадат придонес кон подобрување на условите и кавлитетот на животот на нашите сограѓани. Донесени се сите програми за работа на општинската администрација, ЈКП „Брегалница“, училиштата, библиотеката, детската градинка. Разгледани и усвоени се и нивните планови и извештаи за работа, рече Маневски.

Се потсетуваме на видеото од конституирањето на актуелниот Совет во 2017 година:

За утрешната последна седница на Дневен ред се следниве точки за разгледување:

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 55.седница

  1. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на ПС од општа надлежност Делчево.

  1. Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Годишен извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2020-2021 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна програма за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2021-2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Љупчо Прачковски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.

  1. Годишен извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2020-2021 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна програма за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2021-2022 година со Заклучок за усвојување;
  3. Предлог-Одлука за давање согласност на изменување и дополнување на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
  4. Предлог-Одлука за согласност за утврдување на работното време на установата за објект 3 во село Разловци;

Образлагач: По точките 5,6,7 и 8-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*