Канидатите за градоначалник на Берово го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Во седиштето на Општинската изборна комисија, кандидатите за градоначалници на Општина Берово на претстојните локални избори, денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори врз основа на член 8-в од Изборниот законик. 

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзаа и си ветија еден на друг, но и на сите граѓани на Берово, дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори и дека ќе ги почитуваат сите важечки закони, правила и прописи, кои се релевантни за изборите. Притоа ќе го почитуваат владеењето на правото, при организирањето и спроведувањето на изборите.

По потпишувањето на Кодексот, претседателот на Општинската изборна комисија беа прочитани и редните броеви на кандидатите за градоначалник на општина Берово.

Со реден број 7 на гласачкото ливче е кандидатот Елеонора Рашковска предложена од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  со реден број 12 на листата се наоѓа кандидатот Звонко Пекевски кој е предложен од коалицијата предводена од СДСМ, со реден број 17 на локалните избори ќе настапи Горанчо Костевски предложен од политичката партија Родина Македонија, со реден број 20, Горан Алачки кој е предложен од политичката партија Интегра – Македонска конзервативна партија.

Во однос на листите за советници за Локалните избори во Берово гласачите својата поддршка ќе можат да ја дадат за една од четирите листи на кои е добесена одлука со реден број 2 да настапи Движењето ,,Одлучно за промени” на коалицијата ЛДП и ДОМ, со реден број 7 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија, со реден број 12- Коалиција ,,Најдоброто за мојата општина” предводена од СДСМ и со реден број 20, Интегра – Македонска конзервативна партија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*