Концерт на „Вива Стрингс“ и изложба на карикатури в петок во Делчево

Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ утревечер, петок (24.09.2021) ќе одржи концерт во Делчево. Концертот ќе се одржи во киносалата во Делчево со почеток во 20 часот. Организатор на настанот е Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево од каде информираа дека концертот ќе биде организиран согласно сите протоколи на владата на РСМ. Пред концертот како што додадоа организаторите во Фоајето на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи изложба на карикатури на еден од најпознатите светски карикатуристи Јитет Коештана.

-Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ претставува класичен камерен состав, составен од две виолини, виола и виолончело. Вива Стрингс е ансамбл оформен во 2011 година. Сите членови на Гудачкиот квартет се редовно вработени како музичари во НУ Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци. Тројца од нив се и членови на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Членови на Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ се музичките уметници: – Елена Талевска, прва виолина – Димитар Михајловски, втора виолина – Дубравка Зајкова, виола – Дејан Теодосиевски, виолончело .
Концертот е организиран согласно сите протоколи на владата на РСМ. Задолжително е носење на сертификат за вакцинација или доказ за прележан вирус ,не постар од 45 дена, се вели во поканата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*