Одржана манифестацијата Ромски средби како дел од јубилејот на „Тернипе МК“ Делчево

Ромскиот културен и едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево го одбележа својот 15 годишен јубилеј. По тој повод синоќа се одржа манифестацијата „Ромски средби 2021“ која има за цел зачувување на традиционалната ромска култура ифолклорните, заштита на културното наследство и презентација на духовната култура и традиција.

-Цела година е во знак на јубилејот, реализиравме проектот кој им за цел зачувување на традиционалната ромска култура и фолклорните, заштита на културното наследтсво и презнетација на духовната култура и традиција. Во рамки на одбележување имавме голем број настани како работилници за изучување на ромски ора и обичаи, а во фоајето на  здружението имаме и изложба на фотографии, истакнаа од „Тернипе МК“.

Во време на глобална прогресивна технологија народната култура ја губи битката и затоа како што додадоа од „Тернипе МК“, почитувачите на фолклорот имаат своевидна задача да направат ренесанса на фолклорот, преку пренесување на љубовта кон традицијата на младите генерации и притоа со голема љубов и ентузијазам сето тоа да го претстават на сцена пред публика, на тој начин како што додадоа промовирајки ја народната култура, фолклорот, музиката, песните и народните носии.

Во рамки на настанот беа презентирани ромски народни носии, музички игри и танци, модна ревија, рецитал на тема потекло, култура и јазик на Ромите, а со свои музички точки меѓу кои поезија, извведба на песни од вокални солисти. Настанот заврши со доделување признанија, пофалници и дипломи за поединци и институции за одлична соработка со Ромскиот културен и едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево. Настанот се реализираше со поддршка на Министетството за култура, во соработка со Општина Делчево, КУД „Гоце Делчев“, самостојниот уметник за фолклорни претстави Зенил Реџепов – Стручни и здруженија од регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*