Редоследот за поставување изборни плакати во Делчево ќе биде познат по ждрепката во понеделник

Општина Делчево ги известува сите организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати  од Општинската изборна комисија Делчево, за избор на градоначалник и за членови  на Советот на Општина Делчево дека в понеделник, на 27 септември 2021 година во 12 часот, во  просториите на Мултифункционалниот центар во Делчево, ќе се  одржи состанок  на кој ќе се изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати без надомест, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на Локалните избори – 2021 година.

Плакатите ќе можат да се истакнат на места определени со одлука на Советот на Општина Делчево.

Повеќе за ова кликнете на фотографијата:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*