Се градат три крака од улицата ,,Голем Рид” во Делчево

Во делчевската населба Стрелиште во тек е изградба на три крака од улицата „Голем рид“. Со реализацијата на активностите како што информираат од Општината се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба.

-Во моментов на споменатата локација се изведуваат земјени работи на теренот, по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 250 метри, информираа од Општината.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во градежните работи додаде дека станува збор за проект со кој се решава децениски проблем со патната инфратсруктура кој ги ,,тишти” жителите од населбата Стрелиште.

Инвестицијата за изградба на оваа улица е на Општина Делчево и во рамките на пакетот инфраструктурни проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини во износ од 9 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*