Делчевските велосипедисти добија благодарници за промоција на велосипедизмот

Граѓаните на Делчево се почесто велосипедот го користат како превозно средство, а оние кои беа затекнати на улиците од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево добија благодарници.

На тој начин во Делчево се одбележа 22 септември, Светскиот ден без автомобили во чии рамки од ОСБСП изразија јавна благодарност до сите граѓани кои го практикуваат велосипедот како основно превозно средства, за да стигнат до своите работни места, со што даваат придонес за промоција на велосипедизмот и зачувување на здравата животна средина.

ОСБСП Делчево ги детектираше граѓаните кои го практикуваат велосипедот и со поддршка на полицијата им додели благодарници.

Секоја година на 22 Септември во светот се одбележува Светскиот ден без автомобили ( World car free day) со најразлични активности преку кои се поттикнуваат луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.

Овој ден се одбележува и во рамки на Европската недела на мобилност која е иницирана од страна на Европската комисија и се спроведува како кампрања во периодот од 16 до 22 септември секоја година за подигнување на јавната свест и промоција на чист и одржлив урбан транспорт.  За таа цел и  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево го одбележа овој ден преку доделување на благодарници на сограѓани кои секојдневно низ годините користат велосипед како превозно средство до своите работни места и со тоа придонесуваат кон промоција на велосипедизмот во нашиот град.

Воедно со поддршка на полицијата беа доделени благодарници за промоција на велосипедизмот и на граѓани кои го користеа велосипедот како превозно средство на сообраќајниците во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*