Актуелниот Совет на Општина Делчево ја одржа својата последна седница

Советот на Општина Делчево ја одржа својата последна седница, на која присуствуваа сите советници кои ја вршеа својата должност во изминатите 4 години, стапувајки на должност по локалните избори во 2017 година.

Претседателот Драган Маневски на завршната седница изрази задоволство што Советот ги оправдал неговите очекувања, бидејки како што рече донесени се многу одлуки кои преточени преку, имале за цел подобрување на условите за живот во Општина Делчево.

Претходно на Свечената седница на Советот одржана на 7 септември Маневски кажа:

-Како Совет усвоивме околу 560 одлуки, од кои најголем дел за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица. Поголем дел од одлуките исто така се однесуваа за изработка на урбанистичко-проектна документација за проект за инфраструктура за изградба на водоснабдителен систем за селата Габрово и Ѕвегор. Донесени се и повеќе одлуки како приоритетни проекти за аплицирање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, кои имаат за цел да дадат придонес кон подобрување на условите и кавлитетот на животот на нашите сограѓани, рече претседателот на делчевскиот Совет.

Маневски на идните советници им посака многу успех и порача да продолжат да бидат коректор и поддржувач на проектите кои значат поквалитетен живот за Делчевчани.

На денешната последна седница беше усвоен извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево, годишните програми за работа на делчевските воспитно-образовни установи, како и годишниот план за вработување на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

Денешната изјава на претаседателот на Советот, Драган Маневски во продолжение:

https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1151808208678253/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*